еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски повика на граѓански протест

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ги повика утре на протест членовите на партијата и сите граѓани, кој ќе започне во 18 часот пред Обвинителството на кејот на реката Вардар до Врховниот суд.

-Протест на кој ќе порачаме дека одговорност мора да има за неправдите и дека Заев е виновен. Порака за чуварите на неправдите на Заев, ЈО и судството: оваа држава која почива на правдата на нашата борба за независност и слобода, на почитување на правото, мора да се спротивстави на ваквото брутално кршење на законите и Уставот. Тоа е наша обврска и наша должност но и наша задача, рече Мицкоски.

Побара одговорност од поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев по вчера објавената аудио снимка на која се слуша како Заев зборува за Законот за јавно обвинителство и Врховниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Снимките на Милошоски веројатно се од разговори со групата исклучени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

(Видео) Нова „бомба“ на Антонио Милошоски: „Заев договорал одлуки на Врховниот суд“

Според Мицкоски, Заев јавно ја признал автентичноста на аудио снимката. Тврди, вели тој, дека бил за тоа да се спасат случаите на СЈО, но оти никој не верува дека пред осумтемина пратеници тој би говорел и би ги убедувал колку е добро тие да одговараат за случаите, кои полека ги снемува.

-Суштински аудио материјалот покажува дека Заев е виновен за неправдата и тука се клучни три работи што се откриваат. Прво, имаме јавно признание дека Заев ја злоупотребил службената должност диктирајќи одлуки на Врховен суд.

Второ, тој јавно признава дека се влечат случаите и дека таа негова стратегија ја знае и СЈО и Катица Јанева која била свесна за сето тоа и трето, шемата како да паднат случаите била јасна или закон за обвинителство или „трас – трас“ одлука на Врховен суд. Значи, освен премиер бил и судија и обвинител, рече Мицкоски на прес-конференција.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека државното Обвинителство за сето ова молчи, како и сите други надлежни.

-Кога правда нема, нема ред, нема закон, има криминал. И ова не е единствениот случај Заев да е во незгодна ситуација или еден од ретките скандали за овој човек фатен како на лице место го крши законот, рече Мицкоски.

Голем број политички партии кои преговарале со ВМРО-ДПМНЕ, според Мицкоски, ги презентирале своите позиции и гледишта и во текот на оваа недлеа партијата ќе одговори на нивните позиции и гледишта.

-Коалицијата за обнова на Македонија е функционална преговараме со политичките партии што се дел од коалицијата, со оние кои сакаат да и пристапат на коалицијата, рече Мицкоски.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За финансирање на изборната кампања, ВМРО-ДПМНЕ ќе земе и кредит

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русковска: Во СЈО има многу добри обвинители, со задоволство би соработувала со нив

Редакција

Судот ја одби жалбата на ВМРО ДПМНЕ за одмрзнување на имотот на партијата

Редакција

Новозаболените со коронавирусот во Тетово се заразиле на погреб

Редакција