еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Се фокусираме на преговори за парламентарно мнозинство и нова Влада

ВМРО-ДПМНЕ изминатиов, но и следниот период се фокусира на преговори за формирање ново парламентарно мнозинство, што ќе значи и нова Влада. Влада која ќе биде фокусирана на справување со вистинските проблеми, пред се пандемијата предизвикана од Ковид-19 и справување со последиците од неа и справување со економската криза која е на повидок и сите ја чувствуваме како граѓани, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по конститутивната седница во Собранието.

„Но, и што да се случи во преговорите што ќе ги води ВМРО-ДПМНЕ во следните денови и кои ги водеше, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе бидат дел од овој парламентарен состав ќе бидат фокусирани исклучиво на предлози кои ќе значат вистинска борба против корупцијата и криминалот.

Ќе зборуваме гласно во новата влада која се надеваме дека ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ и веднаш со интензивни мерки ќе се справиме со овие предизвици кои навистина ги мачат нашите граѓани“, потенцира Мицкоски.

Тој очекува во следните денови ВМРО-ДПМНЕ да се обиде да обезбеди парламентарно мнизниство кое во иднина ќе поддржи, како што рече, една „вистинска реформска влада која на брза лента ќе ја однесе Македонија пред рамноправно членство во ЕУ“.

Мицкоски изјави дека грубо и спротивно на сите меѓународни препораки се менувал Изборниот законик и обвини дека последните избори се најнедемократски и корумпирани што се одржале во земјава. Тој се осврна на економијата во земјава, на економската криза, со коронавирусот и последиците од него и обвини дека се нема јасна визија за образовниот процес во земјава и не се знае што ќе се случува со учениците.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев уверен дека ќе формира Влада: Мнозинство може и со ДУИ и со Алијанса за Албанците

Конституирано Собранието: Верифицирани мандатите на 120-те избрани пратеници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затвореник во Идризово им зел 4.000 евра на полициски командири, им ветувал дека ќе ги вработи во МВР

Редакција

МНР препорачува да не се патува во кинескиот град Вухан поради коронавирус

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Синот на Цветанка Иванова добил тендер од државата за чистење на патиштата во Источна Македонија

Редакција