еМагазин
Image default
Македонија

Мицотакис ја повика македонската Влада да ги почитува обврските од Договорот од Преспа

Добрососедските односи се единствениот пат за европска перспектива на Северна Македонија, рекол грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на учеството на Самитот ЕУ- Западен Балкан и како што информираат од неговиот кабинет, ја повикал нашата Влада да ги почитува обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно тој ја истакнал потребата да се одржи жива европската перспектива на Западен Балкан, потенцирајќи дека ЕУ интеграцијата на земјите од регионот е стратешки избор на Грција.

Мицотакис ја споменал и солунската агенда од 2003 година и рекол дека „текстот од Солун е актуелен и 17 години подоцна”.

Во однос на Албанија рекол дека е направен напредок, но сепак очекува чекори од албанската Влада за заштита на правата на грчкото малцинство.

Грчкиот премиер особено се задржал на бегалското прашање, барајќи од Европа да ја изврши нејзината обврска, а побарал и соработка со земјите од Западен Балкан во борбата со нелегалната миграција.

МИА/Фото: Фејсбук/Мицотакис

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Што да им кажеме на крајот, дека сме Македонци?“: Борисов бара од Македонија да не поставува невозможни услови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 1.843 болни од Ковид-19

Редакција

Дојче веле: И во првиот мобилен на Јанева „не е најдено ништо посебно“ што би било од интерес за истрагата за „Рекет“

Редакција

Бугарската фондација “Македонија“ ќе отвара нови онлајн медиуми во Македонија

Редакција