еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Мицотакис му понудил на Заев, вакцинaта против Ковид-19 да ја набавиме преку Грција

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, во однос на набавката на вакцина против Ковид-19 информираше дека имало понуда од страна на Грција, да биде дел од таа набавка.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на македонскиот премиер Зоран Заев, за време на нивната последна средба на Самитот во Солун, му понудил да бидеме дел од нивната набавка на вакцини.

„Грција, бидејќи е членка на ЕУ има директен договор за набавка,“ додаде Филипче.

Во однос на последните информации од фармацевтската компанија „Фајзер“, која информираше дека нивната вакцина е 90 проценти ефикасна, Филипче рече дека оваа компанија аплицирала во Европската агенција за лекови, да добие дозвола за пуштање во промет и употреба.

„Тоа е процедура која трае неколку месеци. Верувам дека по ургентна постапка до Нова година компанијата ќе добие дозвола и дека вакцината ќе биде дистрибуирана. Ние ги очекуваме вакцините преку КОВАКС механизмот. Ние го потпишавме договорот, Владата даде согласност и е обезбеден буџет, така што ги очекуваме вакцините преку овој механизам на почетокот на следната година„, информира министерот.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српската премиерка: Ќе и помогнеме на Македонија во регистрација на вакцината, понудивме лекарите да можат и во Србија да се вакцинираат

Редакција

Самит за Западен Балкан: Меркел им порача на Заев и Борисов дека мора да се согласуваат оти е многу важно за регионот

Редакција

(Фото) Македонци и Грци здружено помогнаа да се изгаси пожар на српско возило во Грција

Редакција