еМагазин
Image default
Македонија

Милчин: “Смениле веќе 20 табли, се фали Заев! Премиерот се унапредил себеси во монарх?“

Со реакција на контраверзното интервју на премиерот Зоран Заев, на својот Фејсбук реагираше и режисерот Владимир Милчин.

“Смениле веќе 20 табли, се фали Заев! Кришум, ноќе!? Врз основа на чија директива! На Заев?! Што се замислува тој? Премиерот се унапредил себеси во монарх?

Не му стигнало до умот дека Димитров го молел Тито да дозволи бугарски војници по 9 септември 1944 година да учествуваат во операциите за ослободување на Македонија и Источна Србија за да се рехабилитира бугарската армија за злосторствата во времето кога Бугарија “администрирала” со пролевање крв?

Знае ли Заев колку табли и споменици ќе треба да замени и урне? Колку книги ќе треба да запали? Колку партизански гробишта ќе треба да изора за да им угоди на Борисов и компанија? Ќе треба и да го збрише и нашето паметење. Е, тоа малку потешко!“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Вангелов, член на македонскиот дел од мешовитата Комисија со Бугарија се огради и ги осуди изјавите на Заев

„Се кладиме дека на крај ние ќе бидеме фашистите?!„: Заев на „тапет“ на Твитер по контраверзното интервју

Членот на македонскиот дел од мешовитата Комисија со Бугарија, Спасковска се огради и ги осуди изјавите на Заев

Фото: Фејсбук/Милчин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ахмети не сака новото СЈО да го води странец, немало потреба земјата да се претвара во протекторат

Редакција

Ковачевски-Курти: Дијалогот е единствената алатка за решавање на отворени прашања, регионот заслужува да се движи напред

Редакција

Во Кичево денеска четворица пациенти починаа од Ковид-19

Редакција