еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Милошоски оздраве од Ковид-19 после 21 ден болничко лекување

Поранешниот министер за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски се излекува од корона вирусот.

„После четири дена самоизолација и 21 ден болничко лекување од Ковид-19 повторно дома.

Негативен по тест, но расположен по дух и опкружен со најблиските, чии прегратки со љубов се задолжителна терапија за закрепнување. Уште едно сериозно животно премрежје е надминато.

Срдечно им благодарам на лекарите од Инфективната клиника-Скопје, како и на сите медицински сестри, кои иако се преморени, деноноќно се борат за секој пациент, “ напиша Милошоски на неговиот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антонио Милошоски со покачена температура хоспитализиран на Инфективната клиника

фото: Фејсбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сончево со температура од 18 степени во првиот ден од Новата година

Редакција

(Фото) Се ожени министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски

Редакција

Бајрактаров: Ковид-19 донесе и пандемија на ментални болести, не очекува „совршена бура“ од ризици

Редакција