еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Милошоски побара пари од Собранието да води кампања за бојкот на референдумот

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ го известил претседателот на Собранието, Талат Џафери дека ќе учествува во јавна пропаганда на претстојниот референдум со бојкотирачки став.

– Јас, Антонио Милошоски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во координација со координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ве известувам дека ќе земам учество во јавната пропаганда на претстојниот референдум со бојкотирачки став бидејќи сум против референдумското прашање, а бојкотот е загарантирана демократска опција за секој граѓанин и е во согласност со демократските традииции на РМ од 2004 година и Кодексот на Венецијанската комисија при советот на Европа од 2007 година, вели Милошовски во соопштението што го испратил до Џафери.

Пратеникот Милошоски, притоа бара од македонското Собрание да му обезбеди средства предвидени за таа намена.

Фото: Фејсбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Законот за игри на среќа не се донесе, „за“ гласаа само 51 пратеник

Редакција

Агенцијата за катастар на недвижности вработува 18 лица, плата до 25.023 денари

Редакција

Два месеци ниту трага, ниту глас од исчезнатата Марија Брзакова

Редакција