Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошски објави фејсбук-статус во кој обелодени колкави плати земаат обвинителите во Специјално јавно обвинителство (СЈО).
„Просечните месечни примања на вработените во СЈО со високо образование се 80.000 денари (редовна плата + 35% повишица за вршење на јавно-обвинителска дејност + исплата на додаток по основ на спорни договори за чување деловна тајна). Просечните месечни примања на помошниците обвинители на Катица Јанева во СЈО се 220-260.000 денари, (според истите три основи)“, се вели во статусот на Милошески.
Катица Јанева вчера беше разрешена од Собранието и Советот на јавни обвинители, а мандатот на другите обвинителе ќе престане утре, кога ќе се знае и дали ќе бидат префрлени во нивните матични јавни обвинителства.
Фото: Фејсбук/Милошоски