Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 20 до 26 декември покажуваат дека заболени од Ковид-19 има во сите возрасни групи.
“Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст над 60 (n=397, 20,7%) и 30-39 (n=397, 20,7%).
Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (n=72; 3,7%).
Се забележува намалување на бројот на заболени кај лицата од возрасните групи 10-19, 40-49 и 60+, а кај возрасните групи 0-9, 20-29, 30-39 и 50-59 се регистрира зголемување на заболени лица од Ковид-19.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 982 (51,1%) лица од женски и 940 (48,9%) од машки пол“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починало уште едно лице кое по вторпат заболело од Ковид-19, вкупно 10
4 лица биле на возраст од 20 до 49 години: Минатата недела од Ковид-19 починале 42 лица
Раст од 19,4%: Минатата недела 43 лица по вторпат заболеле со Ковид-19
Фото: МЗ