еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Министерство за животна средина: Течноста во „Охис“ е собрана, нема простор за паника

Излеаната течност во ОХИС е целосно собрана, а кадата е покриена со пилевина за да се соберат евентуалните остатоци од течноста, соопшти Министерсвото за животна средина и просторно планирање, информирајќи ја јавноста дека состојбата  во фабриката е под контрола и дека нема место за паника.

„Пилевината ќе биде собрана во текот на денешниот ден и соодветно, безбедно одстранета во специјални буриња за таква намена. Надзорот на локацијата ќе продолжи и денеска“, информираат од МЖСПП.

Истекувањето се случило во кругот на Органско Хемиска Индустрија “Наум Наумовски Борче”, каде правен субјект од Скопје препакува и отстранува историски отпадни хемикалии во течна состојба кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство.

Истечена е вода од цистерна во која бил претходно складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната, фирмата имала обврска истата да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот и затоа се почувствувала непријатна миризба во околината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Што се случи во „Охис“?

Војската влезе во „Охис“

Инспeкторатот во контрола на ОХИС: Истеклe неупотребливи хемикалии од поранешната фабрика

Фото: 360 степени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цементарница УСЈЕ не може да работи, ако не работат филтрите

Редакција

Помор на риби на вливот на Кумановка со Пчиња, се утврдуваат причините

Редакција

„Ле Соар“: Аерозагадувањето од западниот Балкан го загрозува здравјето и на граѓаните на ЕУ

Редакција