еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министрите на ДУИ ги депонираа условените оставки до Ковачевски

Сите министри од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), односно првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска преку нивните профили не Фејсбук соопштија дека ги потпишале оставките и ги доставиле до премиерот Димитар Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“ДУИ глумат херои“: Твитер реакции за фиктивните оставки на министрите на ДУИ

-Како носител на важна јавна функција, свесен дека благосостојбата на нашите граѓани и нивната иднина несомнено припаѓа во големото европско семејство, имајќи го предвид именувањето на политичкиот субјект на кој му припаѓам и кој начелно се залага за интеграцијата на земјата како во НАТО и ЕУ така и за блиски и продлабочени односи со САД, имајќи го во предвид непристојниот услов на опозицијата за да ги изгласа уставните измени во Собранието, свесен за важноста  на интеграцијата и достоинствената иднина на Република Северна Македонија, Почитуван Претседател на Владата, Ви ја  поднесувам мојата оставка од функцијата Министер за економија, која ве молам да ја активирате во моментот кога опозицијата ќе гласа за предложените измени во Собранието и истите ќе стапат во сила, пишува во оставките на министрите објавени на Фејсбук.

Тие посочуваат дека се чувствуваат горди и почестени од дадената доверба од страна на лидерот Али Ахмети, Демократската унија за интеграција и граѓаните, како и од довербата на премиерот да бидат дел од реформскиот и интегриран владин кабинет и да им служат на граѓаните.

Министрите од ДУИ на 30 јули најавија дека ќе поднесат оставки од функциите што ќе станат ефективни откако ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени.

– Министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција поднесоа оставки од функциите што во моментов ги извршуваат. Оставките, г. премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставните измени, стои во објавата на Али Ахмети на Фејсбук.

Инаку, едно од барањата на опозицијата на лидерската средба меѓу претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ беше да се формира влада во која нема да учествува ДУИ.

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две лица позитивни на Ковид-19 кои требало да бидат во изолација, гласале на гласачкото место 2276 во Штип

Редакција

Хрватскиот премиер Пленковиќ утре во официјална посета на Македонија

Редакција

Закочени судски процеси: Супервештачењето за несреќата кај Ласкарци трае 315 дена, а за „Тендери“ за Канческа-Милевска, 110 дена

Редакција