еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Браво: Нема веќе политички огласи на Твитер

Компанијата „Твитер“ денеска соопшти дека ќе ги забрани сите видови политичко огласување на оваа социјална мрежа ширум светот.

Извршниот директор на компанијата Џек Дорси на Твитер наведе дека досегот на таквите пораки „треба да биде заслужен, а не купен“, пренесува Би-Би-Си.

Тој додаде дека одлуката за забрана на политичко огласување ќе стапи на сила на 22 ноември и дека ќе важи за сите изборни огласи, како и за огласите што се поврзани со политички прашања, наведува Гардијан.

– Иако огласувањето на интернет е неверојатно моќно и многу ефикасно за комерцијалните огласувачи, таа моќ донесува значајни ризици за политиката, наведува Дорси.

Најновиот потег на Твитер е во целосна спротивност со одлуката на ривалската социјална мрежа Фејсбук, која претходно овој месец соопшти дека нема да проверува ниту отстранува огласи што ги објавуваат политичарите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО формира нов тим за истрагата за потеклото на коронавирусот

Редакција

Братот на Фатмир Бесими не смее да гласа за Владата, порачуваат од Антикорупциска

Редакција

Џафери: Не може некој да биде пратеник четири години, а потоа да брка по контејнери

Редакција