Обвинителот од Вишото јавно обвинителство Гостивар, Ислам Абази е избран за нов шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ислам Абази избран за наследник на Вилма Русковска
Неговиот избор предизвика лавина од негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи од повеќе причини, пред се поради тоа што станува збор за тотално непознат обвинител, од кој како и во случајот на поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, на Интернет неможеше да се најде ниту фотографија, па јавноста не знаеше ни како изгледа, ниту пак негова биографија.
За него нема никакви податоци ни на сајтот на Вишото јавно обвинителство Гостивар со кое раководел.
Треба да се потенцира и дека Абази во периодот додека кандидатите за оваа функција се промовираа во јавноста и ги преставуваа своите програми, не се појави во медиумите, ниту пак даде изјава, ниту некој дозна каква програма има, со која ќе го води оваа многу важно Обвинителство и како ќе се бори против корупцијата и криминалот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Ислам Абази, наследникот на Русковска
Кој е Абази
Не само за јавноста, Абази според наши извори е непознат и за дел од обвинителите кои за првпат гласаа за избор на шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, па останува нејасно како успеал да добие дури 66 гласа од исто толку обвинители.
Според неговите два анкетни листови (кога станал јавен обвинител и кога станал виш јавен обвинител), кои можат да се најдат на страната на Антикорупциска комисија, може да се заклучи дека живее во Кичево и дека е родум од Зајас, родното село на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Телевизијата Телма објави дека Абази работел и во Агенцијата за цивилно воздухопловство во Скопје како правник, а бил и стручен соработник во кичевскиот суд. Потоа бил избран за обвинител во Основното јавно обвинителство во Кичево, а по една година бил избран за обвинител во Вишо јавно обвинителство Гостивар, на кое во 2018 година му станал раководител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук