Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на својот Фејсбук профил ги повика членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ на протест на кој ќе се бара оставка од актуелниот партиски претседател Христијан Мицкоски.
„Митко Јанчев, претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, повикува на мирен протест на 02.11.2020 година (понеделник) во 19 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (Белата палата).
Протестот е со една единствена цел, повикување за оставка на Христијан Мицковски“, напиша Јанчев, кој неодамна уште еднаш преку медиумите порача да би се кандидирал за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.