еМагазин
Image default
Бизнис

„МојДДВ“: Како и колку пати може да ја скенирате фискалната сметка

Фејсбук-страницата „МојДДВ“ е едукативна и дава одговори на најчесто поставуваните прашања за апликацијата „МојДДВ“.

На неа може да се најдат интересни информации, во врска со нејзиното функционирање.

Како да скенирам фискални со „МојДДВ“?

Отвори ја апликацијата внеси го твојот ПИН и притисни го копчето „Скенирај сметка“. Штом се отвори камерата, позиционирај го телефонот над кодот на фискалната и почекај го известувањето за успешно сенирање

Колку пати можете да го скенирате кодот?

Само еднаш, по што ќе се добие известување за успешно скенирање на сметката. Доколку се обидете повторно да скенирате иста фискална сметка, ќе добиете известување дека е скенирана.

Колку пари можете да добиете со користење на МојДДВ?

Секое физичко лице може да оствари поврат во износ од 1.800 денари за едно тримесечје, односно 7.200 годишно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како да го надминете проблемот со скенирањето на фискалните сметки на апликацијата „МојДДВ“

УЈП разјасни повеќе нејаснотии околу враќањето ДДВ од фискални сметки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Без јавна расправа се „крчка“ нов Закон за данок на моторни возила

Редакција

Поради прекин на струјата, скопјани останаа и без парно чие што снабдување ќе се стабилизира вечерва

Редакција

Ќе се намалуваат даноците

Редакција