еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

МОН потрошило над 640 илјади евра за привремени, додека се чекаат новите учебници

Радио Слободна Европа објави дека државата преку заем од Светска банка одвоила 640 илјади евра за речиси 75 илјади привремени учебници за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение, бидејќи на 1 септември не беа готови нивните нови учебници.

Печатењето и дистрибуцијата на привремените учебници одело преку две фирми – Печатницата Европа 92 и Тримакс, наведуваат од Министерството за образование и наука (МОН) во одговор за РСЕ, обезбеден преку правото на пристап за информации од јавен карактер.

Испечатени биле вкупно 74.207 примероци по цена од 39.491.798 денари со ДДВ (околу 640 илјади евра). Ова практично значи дека привремениот учебник во просек чинел по 532 денари, печатен во боја и со по педесетина страници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што му пишува во биографијата: Кој е Назим Буши, идниот заменик-министер во МВР

Редакција

ДУИ била гарант за мирот и европската иднина, велат од таму по изјавата на Мицкоски дека партијата може да ја дестабилизира Македонија

Редакција

Укината забраната за летови од Велика Британија

Редакција