еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Моника Црнокрак е новото лице на „Голден карпет“, кој стартува во новата сезона во ново студио

Една од најгледаните забавни емисии на Канал 5, „Голден карпет“ на 5 ноември, недела во 19.30 часот започнува со новата четврта сезона во која се најавуваат многу позитивни промени, како и ексклузивни гости, игри, предизвици и ново студио.

Како и до сега Миро Кацаров е домаќин, а друштво оваа година ќе му прават две дами кои се добро познати на македонската јавност.

Инфлуенсерката Ивана Јанковска останува во тимот, а се приклучува мисицата Моника Црнокрак, на која ова ќе и биде прво сериозно телевизиско искуство.

Комичарот и актер Бојан Велевски исто така го засилува тимот со своја рубрика која ќе ја има секоја недела во 19.30 часот.

Изминативе години во „Голден карпет“ ги гледавме најпопуларните музичари, најуспешни доктори, најпознатите актери, најтрофејните спортисти и најеминентните политичари од Македонија и регионот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ била гарант за мирот и европската иднина, велат од таму по изјавата на Мицкоски дека партијата може да ја дестабилизира Македонија

Редакција

Министерство за одбрана склучи договор со Супертрејд вреден 1,7 милион евра

Редакција

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Редакција