По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 39 години за кривично дело – pолов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.
„Обвинетиот, на 10 февруари, во напуштен објект позади прифатниот центар за бездомници „Ранка Милановиќ“ во Скопје извршил полови дејствија врз дете на возраст од 12 години. Тој жртвата, инаку негово вонбрачно дете со кое живеел во иста семејна заедница, ја зел во возило со изговор дека ќе ја носи во училиште, но ја однел во напуштениот објект, каде ја принудил на полови дејствија“, информираат од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно опреелената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи сè уште постојат истите основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и особени околности кои го оправдуваат стравот дека би можел да го повтори делото.