еМагазин
Image default
Техно

Можни прекини на ТВ-програмата кај корисниците кои добиваат сигнал преку јавна мрежа

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги информира корисниците кои следат дигитална терестријална телевизија, DVB-T преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа дека во насока на воведување на 5G технологија и ослободување на фреквенцискиот опсег 694-790 MHz предвидена е промена на каналите во одредени региони.

„Промените започнуваат на 17.04.2019 година во периодот од 10:00 до 12:00 часот во зоната на распределба „Туртел“ (Штип, Кочани, Делчево, Виница, Каменица, Берово, Пробиштип и нивната поширока околина). При процесот на промена на каналите можни се делумни или целосни прекини во програмата.

Во тој случај, апелираме до корисниците за задолжително прескенирање на ТВ каналите на уредите за прием на DVB-T. Корисниците на услуги преку кабелска и оптичка мрежа нема да бидат засегнати од овие промени“, информира АЕК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Нова ера за човештвото: Леталото на НАСА успешно се судри со астероид за да ја тестира можноста за одбрана на Земјата

Редакција

Над половина од Македонците интернетот го користат за читање вести, само девет проценти за барање работа

Редакција

Македонската мобилна апликација Challenger препознаена од Google Play во кампањата #WeArePlay

Редакција