еМагазин
Image default
Бизнис

Оглас за 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за подобрување на кадарот во градинките

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) објави оглас за ангажирање на 30 воспитувачи/ки за колегијална поддршка за подобрување на компетенциите на кадарот во градинките, нова прогарама којашто се спроведува во соработка со УНИЦЕФ, а е поддржана од Британска амбасада, соопштуваат од таму.

„На огласот којшто ќе трае до 14 декември годинава, може да се јават сите воспитувачи/ки и педагози од детските градинки кои се заинтересирани за унапредување и подобрување на квалитетотот на  раното учење и развој  во градинките, а ги исполнуваат условите. Воспитувачите покрај критериумите пропишани во огласот треба да поседуваат ефективни комуникациски вештини, да сакаат да се усовршуваат и да помогнат за професионалниот развој на други колеги и соработници, да имаат одлични организациски способности и да знаат како да ги мотивираат и инспирираат“, се вели во соопштението на МТСП.

Програмата за подобрување на квалитетот на раното учење и развој во установите за згрижување и вопситание на децата се спроведува за прв пат во Македонија. Програмата ќе се пилотира во седум градинки, и ќе бидат обучени 30 воспитувачи за колегијална поддршка.

„Главната цел  на програмата е дека безбедната околина во која растат и се развиваат децата не подразбира само безбедност на физичкиот простор туку и емотивно безбедна и сигурна околина која треба да ја обезбедат возрасните кои ги учат и поучуваат малите деца. За креирање на безбедна социјална средина потребни се знаења и вештини кои можат да ги подобрат и инклузивните практики во установите за деца“, се додава во соопштението.

Повеќе детали ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Централна кооперативна банка во загуба од 6 милиони денари за девет месеци

Редакција

„Монтинг енергетика“ го доби тендерот на ЕСМ за специјализирана работна рака за ремонти во РЕК Битола вреден 825.000 евра

Редакција

Во мај зголемен бројот на туристи

Редакција