еМагазин
Балкан

Му украле накит вреден 1,2 милион долари: Саудиски принц тврди дека го ограбиле на Миконос

Принц од Саудиска Арабија, кој летувал на Миконос тврди дека му е украден накит вреден 1,2 милион долари, објави грчката телевизија Антена.

Според телевизијата принцот престојувал во луксузна вила во областа Калафатис, заедно со обезбедување од 15 мажи.

Принцот тврди дека додека се подготвувал да полета со неговиот приватен авион за Париз, непознати лица влегле во вилата преку отворената врата на терасата и украле три куфери.

Според неговото сведочење во куферите имало 60 часовници, златен накит, дијамански прстени.

Властите го истражуваат случајот, а останува нејасно како крадците поминале неприметно покрај бројното обезбедување.

Фото: yiannaki.gr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија ја укина таксата за рускиот гас

Редакција

Притвор од 30 дена за таткото на момчето кое уби осум ученици во училиште и чувар

Редакција

(Видео) Автобус во Србија влета во детско игралиште па удри во автомобили, неколку деца се повредени, едно посериозно

Редакција