Мухамед Зеќири, поранешниот генерален секретар на Владата, останува во притвор, откако Кривичниот совет го потврдил решението на судијата на претходна постапка, информираат од Кривичниот суд.
„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по жалба на одбраната на осомничениот М.З. во однос на решението на судија на претходна постапка, денеска одржа јавна седница во присуство на странките, по која ценејќи ги фактите приложени во жалбата, донесе решение со кое го потврди решението на претходна постапка со измени во основите кои постојат за определување на мерката притвор.
Односно, советот го преиначи решението на претоходна постапка на начин што ја укина точна 3 од чл. 165 ст.1, односно можност обвинетиот да го повтори делото“, стои во соопштението.
„Како што судот веќе извести, судија на претходна постапка, одлучувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка притвор, на 08.04.2022 година донесе решение со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП“, посочуваат од институцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада