еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Мукаетов: Приоритет ни е пазарот на ЕУ, годинава очекуваме извоз од 180 милиони евра

Во интервју за едицијата „Топ 100 извозници“, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов, меѓудругото вели дека компанијата очекува годинава да ја заврши со извоз од 180 милиони евра.

-Традционалните пазари од регионот се основа на нашето работење. Но, во изминативе години значително го зајакнавме нашето присуство и на многу ЕУ-пазари. Според тоа, потенцијалот за раст на компанијата, пред се го гледаме токму на овие пазари, како прв приоритет.

Секоја година отвараме и по неколку нови пазари, па во 2023 година можеме да обележиме дека обезбедивме наше присуство и во Италија, на Малта, понатаму во Чиле, Австрија, Саудиска Арабија, итн..

Оваа година, исто така, отворивме и наша компанија во Букрушет, со што правиме квалитативен исчекор врзан за нашето присуство на романскиот пазар.

Нашите очекувања се оваа година да оствариме вкупен извоз од 180 милиони евра, што би преставувало учество од близу 70% во вкупните консолидирани продажи на Алкалоид, вели Мукаетов.

Целото интервју ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков е Бизнис-планот на Алкалоид за 2023 година

Како се движеше цената на акцијата на Алкалоид изминативе девет месеци

Алкалоид со раст на извозот од 15% и консолидирани продажби од 202,7 милиони евра

Фото: Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Запленета дрога вредна околу 200.000 евра, прекинат меѓународен канал за транспорт на дрога

Редакција

Детален преглед: Министерката Нина Ангеловска нема сопствен стан, но чува околу 300.000 евра во банки

Редакција

Нема стан: Каков имот пријавил пратеникот Тимчо Муцунски

Редакција