еМагазин
Image default
Македонија

Муса Џафери: Ќе испитаме дали Талат Џафери може да учествува во раководството на ДУИ

Членот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери најави дека ќе направи внатрепартиски консултации за учеството на претседателот на Собранието, Талат Џафери во раководството на партијата.

Џафери за ТВ21 изјави дека ќе се испита дали тоа е во согласност со законот и Уставот.

– Во оваа појдовна точка прво ќе се консултираме за учеството на претседателот на Собранието во претседателството, од причина што претседателството е извршен орган и дали е тоа во согласност со законот и Уставот, рече Муса Џафери.

Најавата за преиспитување на учеството на собранискиот спикер во раководството на ДУИ следува по вчерашниот состанок на Централниот совет на партијата, кој Талат Џафери предвреме го напушти откако искажал забелешки за некои кадровски решенија и не биле прифатени неговите предлози за членови во раководните партиски тела.

Талат Џафери, според ТВ21, побарал поголема застапеност на гостиварскиот огранок на партијата, на што Муса Џафери му порачал дека: „Гостивар го има претседателот на Собранието“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Проблемите се слични како и во сите партии и организации, ќе се види новата енергија на ДУИ

Груби сменет од партиска функција, на негово место доаѓа Блерим Беџети: ДУИ со ново претседателство

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.348 случаи на Ковид-19 од 3.996 тестови, 196 се реинфекции

Редакција

(ВИДЕО) Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога, запленети околу 200 килограми марихуана и приведени две лица

Редакција

Сите детали: Од затворот во Шутка тврдат дека Јанакиески и Ристовски биле нападнати бидејќи се „закачале“

Редакција