еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

МВР апелира на внимателност од пожари: Mало невнимание може да предизвика пожар со тешки последици

По настапувањето на последните, значително повисоки температури и најавите дека во наредните денови тие уште повеќе ќе се зголемат, во голема мерка се зголемија и потенцијалните опасности за избувнување пожари. Особено поради фактот дека има забележителна раздвиженост на нивите, но и во шумите, укажуваат денеска во соопштение од Министерството за внатрешни работи.

МВР повикува на внимателност при движење во поле и низ шумите, и да не се палат отпадоци, меѓи и стрништа на нивите и да не се фрлаат неизгаснати догорчиња.

-Покрај ова, на оние кои ќе престојуваат на излетничките места, им се укажува да се воздржат од палење огнови, кои брзо можат да пламнат и да се прошират наоколу, а со тоа да предизвикаат и материјални и други последици од несогледливи размери.

Исто така, на отворен простор да не се оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да причинат пожар, се наведува во соопштението.

Најавуваат дека доколку граѓаните не се придржуваат на овие апели и препораки ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со пријави и можни затворски казни од 6 месеци до 8 години, зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

– Министерството за внатрешни работи овој месец засилено презема координирани превентивни и други мерки со советодавните групи на граѓани, месните и урбаните заедници, навреме да се пресретнат можните причини за пожари, а во координација со други институции и служби ќе бидат засилени и планираните контролни активности, порачуваат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија во црвената категорија за патување на Кипар: Потребен ПЦР-тест пред и по пристигнувањето

Редакција

(Фото) Познат македонски бизнисмен ужива на Тајланд, место каде што се снимале голем број филмови

Редакција

(Видео) Од една фамилија во „Комунална хигиена“ биле вработени над 40, а од друга над 30 лица, откри Арсовска

Редакција