еМагазин
Image default
Македонија

МВР го демантира Мицкоски дека е следен и оти се подготвува негово апсење

Министерството за внатрешни работи го демантира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој во интервју за ТВ Алфа изјави дека дека полициски службеници го следат од политички мотиви и подготвуваат негово апсење.

– Злоупотребата на МВР беше карактеристика токму на партијата чиј претседател е Мицкоски и токму поради тоа во изминатите две години во Министерството за внатрешни работи се спроведоа и во тек се реформи кои имаа за цел искоренување на незаконитите дејства, стои во денешниот демант од МВР.

МВР, се подлвекува, својата работа ја фокусира исклучиво кон сузбивање на сите облици на криминал, користејќи ги законските можности што му стојат на располагање.

Во демантот, МВР ја информира јавноста и дека на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на негово барање, од минатата година му е доделено обезбедување од припадници на МВР.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанакиески и Пешевски на суд: Продолжува судењето за „Траекторија“ на СЈО

Редакција

Мицкоски: Парите за референдумска кампања за инвестиции во образованието

Редакција

Приведени шест лица: Сузбиена организирана криминална група за криумчарење мигранти

Редакција