еМагазин
Image default
Македонија

МВР го демантира ВМРО-ДПМНЕ за техничкиот преглед на автобусот на „Дурмо турс“

Во врска со дезинформациите што денеска (18.2.2019) ги изнесе политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат на контролите извршени во „Авто мото здружение Гостивар“, ја известуваме јавноста дека Министерството за внатрешни работи вршело контроли и во ова правно лице, како и во другите правни лица што вршат ваква дејност, велат од МВР.

“На 4.4.2018, согласно програмата за работа на Секторот за сообраќајни работи во Бирото за јавна безбедност, извршена е редовна контрола над „Авто мото здружение Гостивар“ и утврдени се недостатоци и пропусти во работењето, односно утврдено е дека не се обезбедува видео запис од возила кои извршиле технички преглед, што е спротивно на чл.8 од Правилникот за технички преглед на возила и поради тоа од страна на МВР е донесено Решение за изречена мерка- Забрана да врши технички преглед на возила и неправилноста да ја отстрани во рок од 30 дена. Правното лице го отстранило недостатокот и писмено го известило МВР дека тоа е вмаправено, по што стручни лица од МВР извршиле повторен надзор и констатирале дека недостатокот е отстранет, за што се изготвени записник и службена белешка.

Откако е констатирано дека недостатокот е отстранет, на 15.8.2018 е донесено решение дека правното лице може да продолжи со работа, бидејќи ги исполнува законските услови.

Апелираме до политичките партии да не шират дезинформации и шпекулации и да не се обидуваат да ја злоупотребат оваа трагедија и да остават институциите да ги утврдат причините за овој трагичен настан“, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Техничкиот преглед на „Дурмо турс“ добил забрана, а по неколку дена решението е поништено

„Дурмо турс„ сам на себе си правел технички преглед: Лавина од реакции на социјалните мрежи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најголем предизвик за Законот за употреба на јазиците ќе биде преведувањето

Редакција

Од утре граѓаните ќе можат да се попишат на одредени локации во својата општина

Редакција

Со сослушување на вештаци продолжи судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција