еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР нема да издава лични документи од 23 до 27 јуни

Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека поради миграција во нов систем, од 23 јуни (среда) започнувајќи од 21 часот, заклучно со 27 јуни (недела-до 21 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), соопштија од МВР.

– Од тие причини се известуваат граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во ИТНА постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ на 22. 06. 2021 година во текот на целиот работен ден или на 23. 06. 2021 година до 12 часот, информираат од МВР.

Граѓаните кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни 2021 година, во редовна постапка, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат во било кој термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28. 06. 2021 година заклучно со 02. 07. 2021 година.

Готовите лични документи граѓаните можат да ги подигнат до 23 јуни до крајот на работното време, бидејќи на 24 и 25 јуни нема да биде овозможено нивно издавање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Околу 6.000 здравствени работници во Грција на принуден неплатен одмор, оти не се вакцинирани

Редакција

Од утре нов прекин на железничкиот сообраќај

Редакција

УСЈЕ го претстави својот напреден пристап во примената на вештачката интелигенција на AI Tech Summit 2024

Редакција