еМагазин
Image default
Македонија

МВР поднесе кривична пријава за екс-градоначалникот на Кавадарци и двајца директори на градежни компании

На 14.08.2019 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против А.П.(50), поранешен градоначалник на општина Кавадарци, Ѓ.Ч.(58)   управител на „Масон инженеринг“ дооел – Скопје и Љ.Ѓ.(63) управител на „Хидроградежен инженеринг“ доо – Скопје поради постоење на основано сомневање за сторени кривични дела „Злоупотреба на службена должност и овластување“ според чл.353 од кривичниот закон и „бесправно градење“ според чл.244 од кривичниот закон.

Првопријавениот кривичните дела ги сторил во периодот од 2014 до 2016 година на тој начин што како градоначалник на општина Кавадарци, ја злоупотребил својата службена положба и овластување во врска со градба на модуларна паркинг/катна гаража на ул, „1 Мај“ во Кавадарци на земјиште сопственост на Република Северна Македонија иако знаел дека за таквата градба нема одобрение за градење издадено од надлежен орган и е исплатена висока фактура за модуларен објект, катна гаража, со што направил вкупна материјална штета на буџетот на општина Кавадарци во вкупна вредност од 29.773 961 денари.

Второпријавениот кривичните дела ги сторил во периодот од 2014 до 2016 година година злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување како одговорно лице во „Масон инженеринг“ дооел Скопје и во својство на изведувач, изведувал градба на земјиште соственост на Република Северна Македонија иако знаел дека предметната градба нема одобрение за градење издадено од надлежен орган.

Третопријавениот, кривичното дело го сторил во периодот од 2014 до 2016 година на тој начин што, ја злоупотребил својата службена положба и овлстување и како одговорно лице во својство на стручен технички надзор на изградба на градежни работи, вршел надзор над градба иако знаел дека предметната градба нема одобрение за градење издадено од надлежен орган.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се врши увид на возило кое е дел од доказниот материјал за „Монструм“

Редакција

Од МНР тврдат дека информациите за употребата на македонскиот јазик во рамки на ОН, биле шпекулација

Редакција

Убава вест: 185 оздравени пациенти од Ковид-19, од Скопје 98, од Штип 25

Редакција