еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија ги презеде сите неопходни активности за да се истражи страшната сообраќајна несреќа, вели бугарскиот премиер Јанев

Бугарската држава реагираше во најбрз можен рок и ги презеде сите неопходни дејствија за да се истражи оваа страшна сообраќајна несреќа, во која загинаа 45 лица. Истовремено се води неопходна грижа за преживеаните, вели привремениот премиер на Бугарија, Стефан Јанев во објава на официјалната Фејсбук страница на бугарската Влада

Како што пренесува БТА, Јанев изразува сочувство до роднините на загинатите во несреќата на автопатот Струма, што се случи синоќа.

– Ова е огромна и неопислива трагедија која не потресе. Во моментов, активностите се во рацете на истражните органи. Кога ќе се направи потребното, ќе може да се коментира за причината што довела до толку многу жртви. Нека си ја завршат работата истражните органи, изјави Јанев.

Јанев, исто така, изразил уверување дека се мобилизирани сите државни органи, а МВР презело мерки за организирање на сообраќајот на автопатот Струма.

-Подоцна, ние мора внимателно да ги извлечеме вистинските лекции од овој трагичен инцидент за да спречиме такви трагедии во иднина. Во моментов единствена јасна информација е дека автобусот со жртвите и повредените е регистриран во Република Северна Македонија.

Како Влада ќе ги преземеме сите неопходни активности за справување со трагедијата, изјави Јанев. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патниците се од Македонија, еден е од Прешево и еден со белгиско држајанство, вели Заев

Преживеан од автобусот кој изгоре во Бугарија на Заев му кажал дека се слушнала силна експлозија

И млади парови меѓу жртвите во несреќата во која изгоре македонски автобус во Бугарија, информира Османи од Софија

Помеѓу настраданите во автобуската несреќа во Бугарија има повеќе членови на едно семејство, најмладата меѓу нив имала 16 години

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охридскиот суд ја прифатил гаранцијата на Нефи Усеини од 30.000 евра, битолска Апелација треба да пресече дали ќе излезе од притвор

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 83 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 26 пациенти кои боледуваа од корона вирусот

Редакција