еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР: Проверката во три средни училишта покажа дека пријавата за бомба е лажна

Министерството за внатрешни работи информира дека досега во три училишта се завршени проверките и е утврдено дека пријавата за поставена бомба е лажна, а проверките во останатите училишта се во тек и по завршувањето соодветно ќе информираат.

Девет училишта и денеска добиле закани за поставена бомба. Од МВР за МИА претходно потврдија дека попладнево околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на девет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера, исто така, по меил осум скопски среди училишта добија закани за подметнати бомби. По направените проверки утврдено беше дека станува збор за лажни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови пријави за поставени бомби во девет училишта во Скопје

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Невреме со град во Скопје поплави улици и дворови, искрешни и дрвја

Редакција

Револтиран од уцените Стружанец го врати бугарскиот пасош, иако му е потребен полесно да дојде до ново срце

Редакција

Твитер „удри“ по Шилегов: „Скопје не може за град да се кандидира, не пак за зелен“

Редакција