еМагазин
Image default
Локално

МВР: Разбиена група крадци од Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово расветли 12 „тешки кражби“ и две„тешки кражби во обид“ и до Основното јавно обвинителство Тетово вчера поднесе кривична пријава против : Б.Ќ.(28), Ш.И.(28), Џ.Г.(49) и М.К.(35), четворицата од Тетово и О.М.(28) од тетовско Џепчиште.

„Б.Ќ, Ш.И. и О.М. се сомничат дека се сторители на кражбите, а М.К. и Џ.К. за „прикривање“. Б.Ќ, О.М. и Ш.И. во периодот од 7-ми до 28-ми октомври годинава, насилно обивале колонијални продавници во Тетово, кршејќи ги бравите и катинарите од влезните врати и по пребарувањето одземале предмети и пари. М.К. и Џ.Г., пак, од нив ги купувале одземените производи.

Вкупната материјална штета што пријавените ја предизвикале со извршените кривични дела се проценува на 74.600 денари“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во вреќа со отпад во Општина „Ѓорче Петров“ пронајдена шок-бомба

Редакција

Едукативниот караван на ДИК посети 12 градови

Редакција

Нов пункт за издавање лични документи ќе биде отворен во Идризово

Редакција