Министерство за внатрешни работи склучи договор за набавка на прехрамбени стоки за широка потрошувачка (десерти, вода, месо, алкохол, леб, конзервирани стоки, млечни производи) со друштвото за производство, трговија и услуги Кожувчанка ДОО увоз-извоз Кавадарци.
Од Кожувчанка објаснуваат дека МВР објавил оглас за јавна набавка на производи за широка потрошувачка, кој се состои од вкупно 20 дела, со вкупна вредност од 86.140.000 денари.
-ДПТУ КОЖУВЧАНКА ДОО Кавадарци по огласот за јавна набавка достави понуда само за дел 3 – газирана и негазирана вода.
По завршувањето на електронската негативна аукција, постигната е цена од 30.534.910 денари, која се однесува за 5.000.000 единици и за две години, велат од таму
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР склучи договор со „Даути комерц“ вреден 700 илјади евра
МВР склучи договор со “Ассеко сее“ вреден 1,3 милион евра