Грција е згрозена од убиството на двајца Албанци, поврзани со случаи на трговија со дрога, во кафуле полно со гости, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.
Убиствата се случија вчера преку ден, во атинското предградие Неа Смирна.
Едното лице (41 г.) починало на лице место, а во него биле испукани три до четири куршуми, а другото (44 г.) подоцна, пренесуваат грчките медиуми, кои објавија и видео од убиствата.
Жена на 35-годишна возраст била исто така погодена од залутан куршум и за среќа поминала со полесна повреда.
Убиецот испукал седум куршуми за четири секунди, и според полицијата станува збор за професионалец,
Еден од убиените бил познат како „колекционерот“, кој ги собирал парите за „заштита“ на продавници во Неа Смирна, а за полицијата според првичните информации нема дилема дека станува збор за „расчистување“ помеѓу криминалци.
Полицијата истражува и дали убиецот имал помошник, кој му дал знак кога да влезе во кафулето и да пука.
Во паниката по убиствата полесно е повредено едно лице, кое си ја удрило главата.
Видео: newsittv