еМагазин
Image default
Македонија

Задолжителен карантин за лица кои доаѓаат од Африка, бара Комисијата за заразни бoлести

Министерството за здравство ја информира јавноста дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји.

„До овој момент во земјава се уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот. Во текот на утрешниот ден, МАНУ ќе изврши анализа на бирсеви на двајца пацинети ковид позитивни кои се вратиле од патување од Занзибар.

Пацинетите се хоспитализирани веднаш откако ги пројавиле првите симптоми на вирусот СарсКОв2.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести согласно актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје, не ја исклучуваат можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на Ковид-19 вирусот.

Апелираме до граѓаните задолжително да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, како носење маска, одржување хигиена на раце и држење дистанца,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски доби подршка од Алијанса за Албанците, Гаши да биде мандатар на преодна влада до предвремени избори

Редакција

Советот на јавни обвинители сè уште не добил на писмено потврда од Фетаи дека се повлекува од трката за за шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје

Редакција

Хоспитализирани само 7,3% од новозаразените со Ковид-19

Редакција