еМагазин
Image default
Македонија

Здравствените работници ќе може да се вакцинираат бесплатно против сезонски грип на нивните работни места

Министерството за здравство информира дека во оваа сезона на вакцинација против сезонски грип, за првпат е овозможена бесплатната вакцинација на здравствените работници да се спроведува во нивните матични установи, наместо да одат како и досега во Центрите за јавно здравје.

Ќе се опфатат здравствените работници кои пројавиле интерес за вакцинација од јавно-здравствените установи во државата.

„На овој начин, вакцината ја направивме подостапна за сите здравствени работници, како една од ризичните категории, чија заштита во услови на Ковид-19 пандемија е многу значајна. Во првата испорака до установите се обезбедија 2.790 вакцини.

Во најбрз рок ќе бидат испорачани и дополнителни количини поради големиот интерес помеѓу здравствените работници“, велат од Министерството.​

Од таму потсетуваат дека во вторникот почна вакцинацијата против сезонски грип, а граѓаните можат да закажат термини за бесплатно вакцинирање преку својот матичен лекар.

„За оваа година, набавени се 40 илјади дози, 12 илјади дози повеќе од минатата година. Трета година обезбедуваме бесплатна вакцинација за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, бремени жени, здравствени работници и деца до 5 години.

Како никогаш досега, оваа сезона од особена важност е спроведувањето на вакцинацијата против грип кај здравствените работници, со што ќе се намали заболување помеѓу нив и другите даватели на здравствени услуги кои се од суштинско значење во одговорот на коронавирусот,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска одби осум од девет приговори на ВМРО-ДПМНЕ за прекршување на Изборниот законик

Редакција

„Титаник“: Јанакиески му давал инструкции на претседателот на ДИК, Дерковски за изборите во 2011

Редакција

Одбиено барањето на одбраната на Јанкулоска за изземање на судијката Кацарска од „Тенк“

Редакција