еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

На 14 ноември и претседателски и предвремени парламентарни избори во Бугарија

Претседателот на Бугарија, Румен Радев најави дека ќе го распушти 46. Народно собрание што е можно поскоро во согласност со процедурата и Уставот.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, претседателските и предвремените парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат на 14 ноември.

Според Радев, изборите во формат „два во еден“ ќе заштедат државни трошоци и време на гласачите.

Тој не коментираше дали ќе направи промени во привремената влада во Бугарија, како што тоа му го овозможува Уставот на земјата.

Радев рече дека е жесток поддржувач на надпартискиот договор и ќе смета на поддршката од сите угледни бугарски граѓани.

Тој смета дека оваа изборна кампања во Бугарија ќе биде уште еден водич за бугарските гласачи за тоа кои партии и политичари работат за иднината и кои ги бранат корупциските шеми.

Радев рече дека поддржува поединци, а не партии и дека не овластува никого да зборува во негово име. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Пендаровски и Радев во базиликата „Санта Марија Маџоре“ заедно оддадоа почит на Кирил и Методиј

Редакција

735 милиони лица во светот гладуваат

Редакција

Починаа три лица болни од Ковид-19, вкупната бројка до сега е 5.481

Редакција