еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На 79-годишна возраст почина Глигорие Гоговски, долгогодишниот генерален директор на Тетекс

На 79-годишна возраст вчера во Тетово, почина Глигорие Гоговски, една од најзначајните и најистакнатите македонски личности од стопанствениот, општествениот и политичкиот живот.

Гоговски беше долгогодишен генерален директор на волнарскиот комбинат „Tетекс“ oд Тетово и претседател на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.

Роден е во Тетово, во 1943 година. Во 1968 година дипломирал на Електро-машинскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Универзитетот во Загреб.

Во периодот од 1986 до 1991 година ја извршувал функцијата претседател на последниот Извршен совет на С.Р. Македонија. Во улога на премиер на преодната влада, тој ги подготвил првите слободни и повеќепартиски избори.

“Менаџерскиот капацитет, посветеноста, професионалноста, одговорноста и капацитетот за носењето на вистинските деловни одлуки на Гоговски беа од суштинско значење за успешното управување и предводење на „Тетекс“, којшто, 70 години до денес, успеа да чекори по патот на успехот.

Визионерството во водењето на тековната и развојната економска стратегија на комбинатот „Тетекс“ беше основниот двигател во сите процеси од основањето, најнапред, на Тетекс Банка АД Скопје, подоцна Тетекс – Кредитна банка АД Скопје, а потоа и ТТК Банка АД Скопје, а почнувајќи од амбицијата децениското егзистирање, традицијата и искуството да се обликуваат во нов, модерен начин на банкарство којшто ќе креира вредност и поддршка за граѓаните и домашните мали и средни бизниси.

Како претседател на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје беше активен учесник во креирањето на стратешките цели на денешната ТТК Банка АД Скопје којашто низ годините се покажа како стабилен, профитабилен и сигурен банкарски играч.

Ценетата лична и професионална експертиза на Гоговски ќе продолжи да опстојува како успешен пример за стопанската, финансиската и општествената фела.

Неговото долгогодишно успешно делување на пазарот ќе претставува инспирација, поттик и пример за креирање вредност. Идните генерации во него ќе гледаат пример од кој ќе учат и, надградувајќи се, ќе продолжат по истата патека уште долги години во иднина“, велат од ТТК Банка.

Глигорие Гоговски ќе биде погребан денеска во 13 часот на гробиштата во Тетово. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судијката Наташа Габер Дамјановска: Најбрутално ќе ме изгазеше возач кој претекнуваше други возила со огромна брзина на самиот пешачки

Редакција

И денеска продолжува потрагата по момчето кое со автомобил падна во Вардар кај Желино

Редакција

Во државата живеат околу 500 лица со ХИВ, секој трет не го знае статусот

Редакција