еМагазин
Image default
Македонија

Најдоцна во септември се очекува да се донесе законот за иднината на СЈО

Се надевам дека ќе се усогласиме со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и очекуваме најдоцна во септември да го донесеме законот за Специјалното јавно обвинителство, изјави заменик министерот за правда Оливер Ристовски одговарајќи на новинарско прашање за донесувањето на законот за Јавно обвинителство со кој треба да се реши судбината на Специјалното јавно обвинителство.

– Преговори за СЈО меѓу партиите нема. Работните групи од власта и од опозицијата подолг период немале средба, ниту има информации дека се работи на изнаоѓање решение за статусот на СЈО. Како што кажа и министерката во врска со конкретниот закон, значи во моментов немаме преговори овие денови, нема да мируваат летово. Јас разговарав и со премиерот на оваа тема. Очекуваме најдоцна во септември да го донесеме законот, рече Ристовски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителот Бубевски: Детето на Јанкулоска полни една година, недозволиво е и понатаму да се одложува издржувањето на казната

Обвинителот Бубевски: СЈО го држат во вештачка кома

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двапати нападнат лекар на кожното одделение во тетовската болница

Редакција

Протоколите за лекување на Ковид-19 се донесени лани, а ревидирани во март, вели Филипче

Редакција

Законот за јавно обвинителство влегува во собраниска процедура, во вторник на јавна расправа

Редакција