еМагазин
Image default
Бизнис

На годишно ниво бројот на странски туристи во август зголемен за 78,3%

Бројот на туристи во државава во август годинава изнесува 190.855, од кои 60,9 проценти се домашни туристи, а 39,1 процент се странски, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во август годинава се регистрирани 835.016 ноќевања, од кои 77,7 проценти се од домашните, а 22,3 проценти од странските туристи.

Од евидентираните вкупно 74.673 странски туристи, најбројни биле од Турција, 11.017, по што следат тие од Србија, 7.317, Полска 5.570, Романија, 4.875, Германија, 4.353, САД , 2.347, Грција, 2.287, Италија и Бугарија над 1.800, Словенија, 1.747, Израел 1.479…

Езерските места во државава во август ги посетиле 129.616 туристи, во Скопје престојувале 36.442, додека во планинските и бањските места имало 7.923, односно 3.647 туристи. Хотелско сместување користеле 95.622, а куќи, станови за одмор и соби за издавање над 80.400.

Статистичките податоци покажуваат дека во периодот јануари – август годинава, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 35,1 процент, при што кај домашните има зголемување за четири проценти, а кај странските зголемувањето е за 87,8  проценти..

Во првите осум месеци од оваа година, споредено со истиот период лани, кај ноќевањата  е евидентирано зголемување за 20,1 отсто, кај  домашните туристи за 2,4 отсо, а кај странските за 78,3 отсто. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија осигурување Виена иншуренс груп со зголемена добивка во првите девет месеци

Редакција

„Технометал-Вардар“ во загуба од 66 милиони денари

Редакција

Микросам лани со добивка од 5,1 милиони денари

Редакција