На денешното потпишување на договорот за синдициран заем во вредност од 72 милиони евра за финансирање на изградбата на трговскиот центар East Gate Mall во Скопје, градежен проект зад кој стои вкупна инвестиција од 103 милиони евра на Балфин групацијата, генералниот извршен директор на East Gate Mall, Игор Давков, најави дека токму овде ќе се наоѓа најголемата продавница во регионов на познатиот бренд Зара.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Се отвара наесен следната година: Како ќе изгледа East Gate Mall
Тој најави и доаѓање на нови 20 брендови кои моментално не се присутни во Македонија.
„Изминатите две години напорно работевме на креирање портфолио на закупци кои во целост ќе ги задоволат потребите и очекувањата на потрошувачите, не само во државата, туку и во регионот.
Трговскиот центар на ретаил пазарот во Скопје ќе донесе преку 20 нови светски модни брендови на малопродажна површина од над 20.000 м2, односно на приближно 40% од вкупната површина за издавање во трговскиот центар, ќе овозможи отворање трговски единици кои по својот формат и големина одговараат на форматот и големината во кои најголемите модни брендови отвораат продавници во светските метрополи, а со тоа овозможуваат и сосема поинаков квалитет и квантитет во понудата кон крајниот потрошувач.
Веќе имаме потпишано комерцијални услови и договори за закуп со над 150 трговци, па така денес, повеќе од една година пред отворањето на трговскиот центар, истиот е издаден веќе над 80%, со потврдени комерцијални услови од закупците”, изјави Давков.