еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1.708 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.708 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 152 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип е хоспитализиран 91 пациент.

На инфективното одделение во Тетово има 37 пациент, во Велес се лекуваат 88 болни, а во Куманово 105 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 121 во ковид центарот во Гостивар 46, а во Струга 22 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 95 пациенти, во Кочани 29 во Кичево 30, Кавадарци 57, а во Гевгелија 26 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.708 и има околу 338 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една третина од пријавните попишувачи се вакцинирани, а половина од останатите би се вакцинирале, вели директорот на Државниот завод за статистика Симовски

Редакција

Два нови случаи со мали сипаници во Куманово и Шуто Оризари

Редакција

Поранешен обвинител украл од државниот буџет 450 илјади евра, осомничени и екс министер, државен правобранител и нотар

Редакција