еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 61 пациенти, а вкупно се лекуваaт 704

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 61 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 704 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 20 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле биле примени 1 нови болни, а 4 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

На Институтот за физикална медицина се примени 9 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 47 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 138 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 16 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 3 позитивни пациентки.

На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 52 болни,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 83 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно до сега 4.478: Починаа 35 лица од Ковид-19

Редакција

Кој му даде јавна подршка на Мицкоски во Фејсбук „војната“ со Груевски

Редакција

Продолжи протестот на работниците од правосудството и управата, Синдикатот се уште нема покана за средба со Владата

Редакција