еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 429 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 429 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 48 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 10 пациенти, во Велес се лекуваат 52 болни, а во Куманово 58 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 34, во ковид центарот во Гостивар 13, а во Струга 16 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 42 пациенти, во Кочани 19 во Кичево 9, Кавадарци 24, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските државјани рекордери во депортации од Германија

Редакција

Синоличка Трпкова: Јазикот не е вонбрачно дете за кое треба да се докажува татковство со дебати, изјави, симпозиуми, дискусии

Редакција

Покрената истрага против 12 полициски службеници од ГП „Табановце“, за шестмина одреден притвор

Редакција