еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 927 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 927 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

“По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 89 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 76 болни, а во Куманово 156 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 103 пациенти, во Прилеп 126 во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 13 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 85 пациенти, во Кочани 37 во Кичево 23, Кавадарци 65, а во Гевгелија 19 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.581 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Локални избори на 31 октомври за да не се совпадне кампањата со Пописот

Редакција

Претседателски избори: Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет на гласачкото ливче

Редакција

Антикорупциска утврди дека во „Шпанско село” нема судир на интереси

Редакција