еМагазин
Image default
Балкан

На Крит пеколни 38 степени во мај

Во текот на вчерашниот ден, во одредени делови на Грција биле регистрирани рекордно високи температури, несвојствени за почеток на мај, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“.

Највисоката температура била регистрирана на островот Крит, 38 степени Целзиусови, во централна Грција 37 степени, а на Пелопонез 35,6 степени.

Во девет различни делови на земјата, температурата вчера била од 7,7 до 13,5 степени повисока споредбено со првите десет дена од мај во периодот 2010-2019 година.

МИА/Photo by Evangelos Mpikakis on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарско МНР: Подготвени да ја одобриме првата меѓувладина конференција веднаш штом ќе биде потпишан протоколот

Редакција

Викенд-карантин во Србија

Редакција

(Видео) Косово доби нова Влада, ќе ја води Авдулах Хоти

Редакција