еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Викенд-карантин во Србија

Во Србија од утре во 12 часот до понеделник во 6 часот ќе работат само продавниците за храна, лекови и гориво, реши на денешната седница Кризниот штаб за сузбивање на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Белград.

– Донесена е и одлука кафулињата и продавниците на ски-центрите и планините да не работат за време на викендот, додека во остатокот од земјата сите продажни објекти ќе бидат отворени до сабота напладне, а од тогаш до понеделник во 6 часот наутро ќе работат само продавници за храна, лекови и горива, соопшти епидемиологот д-р Предраг Кон.

Тој вели дека долгорочно затворање не е опција за Србија, а денешната одлука е поради Задушница, која е утре.

Тој исто така кажа дека од понеделник средните училишта ќе се префрлат на часови преку Интернет и најави дека следните мерки поради влошување на ситуацијата со епидемијата на коровирус ќе се разгледаат на следниот состанок на Кризниот штаб закажан за вторник.

Тој оцени дека епидемиолошката ситуација не може да влијае врз вакцинацијата, која е најдобар начин за превенција против оваа болест, додавајќи дека за стекнување на колективен имунитет треба да се вакцинираат околу пет милиони жители, што преставува 80 отсто на населението во Србија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 82-годишен пациент со Алцхајмер не му даваат 4.711 денари за нега од друго лице, му рекле можеш сам

Редакција

Хан по објавувањето на снимките за “Рекет“: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи

Редакција

21-годишно момче од Богомила осомничено за убиство на 60-годишник

Редакција