еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски контра Османи, не гледа потреба од промена на Уставот за да Бугарите влезат во Преамбулата

Претседателот Стево Пендаровски не гледа потреба од какви било измени на Уставот.

– Такво нешто ниту е побарано од бугарска страна, ниту претседателот очекува воопшто да се случи затоа што усвојувањето и евентуалните амандмани на Уставот се исклучиво наше суверено право и надлежност.

Во овој момент, претседателот не гледа никаква потреба за какви било измени на Уставот, изјавија за „Слободен печат“ од Кабинетот на претседателот во однос на тоа кој е ставот на шефот на државата за предлогот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, Бугарите да се стават во Преамбулата на Уставот.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, денеска, појаснувајќи ја неговата претходна изјава дека нема резерви Бугарите во Северна Македонија да бидат споменати во Уставот како посебна етничка заедница, рече дека „нема да да дозволиме некој да прави кампања дека државата прави притисок на кој било граѓанин заради етничката припадност“.

-Државата ги штити индивидуалните и колективните права и нема да дозволиме, дали поради изборна агенда, дали поради билатерални разлики, некој да ја прикаже државата дека ограничува индивидуални или колективни права.

Немаме никаква резерва да ги прикажеме граѓаните така како што се презентираат и не смееме да дозволиме некој да прави кампања дека државата прави притисок, репресија на кој било граѓанин заради својата етничка припадност, изјави Османи.

Тој синоќа кажа дека Бугарите во земјава треба да се чувствуваат како слободни граѓани кои може да се организираат како колективна заедница, и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно споменување во Уставот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) За Османи не е проблем Бугарите во Македонија да бидат споменати и во Уставот

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кризниот штаб бара двонеделен карантин за Куманово поради забрзаното ширење на корона вирусот

Редакција

(Галерија) Со кој сè се сретна Ковачевски на состанокот на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија

Редакција

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ информациите за криминалот во РЕК Битола ги доби од член на највисокото раководство на СДСМ

Редакција