еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Најмногу „увезени“ од Македонија: Две третини од повратниците од Западен Балкан во Австрија се заразени со Ковид-19

Повеќе од две третини од повратниците од одмор од Западен Балкан се позитивни на коронавирусот, соопшти австриската Агенцијата за здравство и безбедност на храна (АГЕС).

Најголем број случаи „увезени“ се од Северна Македонија, дури 866, а во споредба со ситуацијата од пред две недели, тоа е зголемување за 477, пренесува српскиот портал „Дневник“.

Од Косово има исто така зголемен број „увезени“ случаи од 253 на 799.

Следи Турција, од каде 662 случаи беа увезени во Австрија.

На врвот на листата на земји на потекло е и Хрватска со 683 случаи.

Во 31 -та календарска недела, беа регистрирани 5.888 инфекции со коронавирусот, а во 32 недела, веќе имаше 8.113 од нив, од кои околу 40 проценти се однесуваат на повратници од одмор.

Во меѓувреме, Федералната служба за борба против тероризмот и заштита на Уставот (БВТ) на Австрија предупреди на опасноста од нови дејствија на групи кои го негираат постоењето на коронавирусот, пред се против медиумите.

БВТ посочува дека групите што го негираат постоењето на коронавирусот собираат податоци за медиумските куќи, прават црна листа и сакаат да влијаат врз известувањето за пандемија и вакцинација. Особено, тие работат на собирање е-пошта и поштенски адреси на издавачки куќи во Австрија и Германија, со цел да состават виртуелен адресар.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Мизеријата за личните документи со „Северна“ во една снимка

Редакција

Во Македонија има фалсификување на историјата која ги претставува Бугарите како Татари, рече Џамбаски во Европскиот парламент

Редакција

Која е Лидија Неделкова, врховната судијка која ја разреши Судскиот совет

Редакција