Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама и македонскиот премиер Зоран Заев денеска во Тирана учествуваат на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“, а меѓу шесте договори е и тој за заедничкиот пазар на труд.
Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж за РТС изјави дека очекува да добиеме заеднички пазар на трудот, граници за преминување кои работат 24 часа, усогласени сертификати, особено фитосанитарни и да нема проблеми што ја чинеа економијата многу пари, јави дописникот на МИА од Белград.
Чадеж изјави дека на Самитот ќе биде договорен и стратешкиот план за 2022 година и дека Отворен Балкан не е збир на потписи и договори, туку идеја за мир и просперитет во дел на Европа кој отсекогаш се сметал за проблематичен, особено сега во ситуација на економска криза, енергетска криза, криза во транспортот и работна сила.
Тој оцени дека ова е историски самит и голем ден за регионот. Долго време се работеше, тој раскол е надминат и се создаде нова доверба.
-Имав можност да бидам во Ниш и да работам со министрите на сите три земји, 160 луѓе од јавната администрација на трите земји работеа на тешки теми за да се постигне договор, кажа Чадеж.
Тој потсети дека и претходно биле потпишани меморандуми за соработка, а, нагласи, сега се готови договорите кои овозможуваат на почетокот на следната година да имаме заеднички пазар на труд.
-Очекуваме да добиеме заеднички пазар на труд, граници за преминување кои работат 24 часа, усогласени сертификати, фитосанитарни, за да немаме проблем што ја чинеа економијата многу пари, посочи претседателот на ПКС.
Утрешниот состанок на лидерите е искрена желба да се создаде заеднички пазар во сегашните три економии и покана до соседите да се вклучат, економиите кои моментално не се дел од иницијативата се психолошкиот дел од иницијативата, подвлече Чадеж.
-Можете да видите конкретни работи, овде гледате да кога камионот ќе тргне некаде – побрзо пристигнува од пред месец дена, ако најдете работа во Скопје, Валона или Белград, не ви требаат три месеци да барате бирократски начини да се вработите, туку тоа го правите за еден ден, објасни Чадеж.
Тој смета дека иницијативата Отворен Балкан претставува момент на приближување кон регионот на ЕУ.
-Кога ќе погледнете како се развиваше ЕУ и која беше новата надеж на тогашна Европа, која беше затечена од омраза и од војни, тоа тргна од економијата. Најважна работа е довербата преку заедничката работа на лидерите и бизнисмените, што се прелеа и во политиката, оцени Чадеж.
МИА